Сантиметри конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Сантиметри

  • см
  • Единица од:

    • Должина/ растојание

    Употреба во целиот свет:

    • Сантиметарот се употребува во светот како мерка за должина. Постојат неколку исклучоци, најзначајни се Соединетите Американски Држави, кои сè примарно го употребуваат Американскиот стандарден систем на мерки (сличен со империјалниот).

    Дефиницја:

    Сантиметарот е единица за должина во метричкиот систем, еднаков на една стотинка од метар.

    1см е еднаков на 0,39370 инчи.

    Потекло:

    Метричкиот, или децималниот, систем на тежини и мерки бил дефиниран и усвоен во Франција во 1795 година. Користејќи го метарот како основа за мерки за должина, системот сега официјално се употребува низ целиот свет.

    Општи референци:

    • Една американска кована паричка (5 центи) е приближно 2см во дијаметар.
    • Рожницата на човечкото око е приближно 1,15см (11,5мм) во дијаметар,
    • Една империјална стапка е еднаква на приближно 30,5см.

    Контекст на употреба:

    Сантиметарот се употребува како секојдневна мерна единица во земји кои го усвоиле Меѓународниот (СИ) систем на единици, во ситуации и примени каде што фракциите на сантиметарот обично се сметаат неважни за да се наведат.

    Примените кои бараат поголема прецизност, како што се во инженерство и дизајн, обично ги наведуваат растојанијата или со употреба на милиметри или децимални фракции на метар.

    Составни единици:

    Множители:

    • 100см = 1м (метар)
    • Единици за должина/растојание на метричката скала се базирани на фракции или множители на еден метар.