Километри
Единица од:
- Должина / растојание
Употреба во целиот свет:
- Километарот се употребува во светот како единица со која се искажуваат растојанијата меѓу географските локации на земјата, и во повеќето земји е официјалната единица за оваа цел. Примарни исклучоци се Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, каде што милјите остануваат како стандард.
Дефиницја:
Километарот е единица за должина во метричкиот систем еднаков на една илјада метри.
1Км е еднаков на 0,6214 милји.
Потекло:
Метричкиот, или децималниот, систем за тежини и мерки бил усвоен во Франција во 1795 година. Користејќи го метарот како основа за мерки за должина, системот сега официјално се употребува низ целиот свет, со неколку значајни исклучоци.
Општи референци:
- Највисоката зграда во светот, Бурк Калифа во Дубаи, е висока 0,82984 км.
- Нијагарините водопади, на границата на САД/Канада, се приближно 1Км широки
- Врвот на Монт Еверест е 8,848Км надморска височина.
- Париз во Франција е на 878Км од Берлин во Германија, иако патувањето од едно место до друго ќе биде повеќе од 1050Км со земјен траспорт.
- Просечното растојание од Земјата до Месечината е 384.400Км.
Контекст на употреба:
Километарот најчесто се користи на патни знаци да го означи растојанието преостанато за патување до дадената локација. Тој е исто така најпопуларната единица за опишување на растојанието меѓу две локации.
Составни единици:
- 1 км = 1000м (метри)
Множители:
- Единици за должина/растојание на метричката скала се базирани на фракции или множители на еден метар, оттука, не постојат официјални множители на километарот.
- Сепак, постојат метрички мерења на должина/растојание поголеми од километар кои можат да се изразат во однос на километри.
- Мегаметар = 1 милион метри (или 10.000Км)
- Гигаметар = 1 милијарда метри (или 1.000.000Км)