Милиметри конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Милиметри

  • мм
  • мил. (неформално)
  • Единица од:

    • Должина

    Употреба во целиот свет:

    • Милиметарот, како дел од метричкиот систем, се употребува како мерка за должина во светот. Најзначајниот исклучок се Соединетите Американски Држави, каде што имепријалниот систем сè уште се употребува за повеќето цели.

    Дефиницја:

    Милиметарот е единица за должина во метричкиот систем, еднаква на еден илјадити дел од метар (основната единица за должина на СИ).

    Општи референци:

    • Има 25,4 милиметри во еден инч.
    • Главата на иглата е просечно 2мм во дијаметар.
    • Едно ЦД е дебело приближно 1,2мм.
    • Модел на колосек на пруги со 00 големина имаат 16,5мм меѓу шините.
    • Првиот степен на машинка за потшишување ќе шиша на приближно 3мм во должина (вториот степен шиша на 6мм, третиот степен на 9 мм итн.)

    Контекст на употреба:

    Милиметрите се употребуваат како стандардна мерка за должина во сите видови на инженерство и комерцијални примени каде што е потребна прецизност поголема од најблискиот сантиметар.

    Таму каде што мора да се измери или изрази уште поголема прецизност, фракции од милиметарот се употребуваат до три децимални места.

    Милиметрите често се употребуваат и да се опише калибарот на мала муниција и оружјето кое се употребува за ја испука, на пример автоматска пушка Узи 9 мм.

    Составни единици:

    • 1/1.000 мм = еден микрометар
    • 1/1.000,000 мм = еден нанометар
    • Освен тоа, прогресивно малите единици ги вклучуваат пикометарот, фемтометарот, атометарот, зептометарот и јокометарот.

    Множители:

    • Постојат бројни единици за изразување множители од милиметарот, но тие се дефинирани од нивната врска со метарот ( основната едница за должина во СИ), отколку со милиметарот.
    • 10 мм = 1 сантиметар (см)
    • 1000 мм = 1 метар (м)