Метри
Единица од:
- Должина / растојание
Употреба во целиот свет:
- Метарот, како дел од метричкиот систем, се употребува како мерка за растојание во светот, примарниот исклучок се Соединетите Американски Држави, каде што империјалниот систем се употребува во повеќе цели.
Опис:
Метарот е единица за должина во метричкиот систем, и е основната единица за должина во Меѓународниот систем на единици (СИ).
Како основна единица за должина во СИ и во дрги м.к.с. системи (засновани на метри, килограми и секунди) метарот се употребува за да помогне да се изведат други единици за мерење како што е њутнот, за сила.
Дефиницја:
1 м е еднаков на 1,0936 јарди, или 39,370 инчи.
Од 1983 година, метарот е официјално дефиниран како должина на патеката по која патува светлината во вакум во текот на временски интервал од 1/299.792.458 од секунда.
Потекло:
Мерна единица заснована на децимали била предложена уште во доцниот 17. век, со името метар изведено од грчкиот métron katholikón, кој означува 'универзална мерка'.
Рана дефиницја на метарот била „должина на нишало со полу-период од една секунда“. До 18-от век дефиницја заснована на „еден десетомилионити дел од должината на меридијанот на Земјата долж еден квадрант“ (растојанието од екваторот до Северниот пол) стекнала предност, и оваа дефиниција била прифатена кога Франција го усвоила метричкиот систем во 1795 година.
Протоипни метарски шипки - првично од бакар, подоцна од платинум, а потоа легура од платина/иридиум - биле произведувани како последователни стандарди на метарот. Во 1960 година метарот бил редефиниран со употреба на брановите должони на радијацијата, пред сегашната дефиниција да биде усвоена во 1983 година, која го поврзува метарот со брзината на светлината.
Општи референци:
- Просечната висина на маж изнесува околу 1,75м.
- Пречките кои се употребуваат на олимписките трки на 110м со пречки се високи 1,067 м.
- Највисоката зграда во светот (од 2012 година), Бурк Калифа во Дубаи, е висока 828 м.
- Емпаер Стејт Билдинг во градот Њу Јорк е висока 381 м.
- Стандардната ширина меѓу пругите (растојанието меѓу шините) е 1,435 м.
Составни единици:
- 1/100 м = еден сантиметар
- 1/1.000 м = еден милиметар
- Види и микрометар, нанометар, пикометар, фемтометар, атометар, зептометар и јоктометар.
Множители:
- Најчесто употребуваниот множител е километарот (1.000 м), но постојат и голем број други СИ множители на метарот, вклучувајќи декаметар (10 м), хектометар (100 м) и мегаметар (еден милион метри).
- Најголемиот СИ множител на метарот е јотаметарот, (1.000.000.000.000.000.000.000.000 метри).