Инчи конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Инчи

  • in
  • " (двоен прим)
  • (На пример, шест инчи може да бидат претставени како 6in или 6").
  • Единица од:

    • Должина/растојание

    Употреба во целиот свет:

    • Примарно употребуван во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

    Опис:

    Инчот е единица за должина која се употребува првенствено во империјалниот и стандардниот систем за мерки на САД, кој претставува 1/12 од една стапка и 1/36 од еден јард.

    Дефиницја:

    Од 1959 година, за инчот е дефинирано и меѓународно прифатено дека е еднаков на 25,4мм (милиметри).

    Потекло:

    Инчот се употребува како единица за мерка во Обединетото Кралство од најмалку седмиот век, а во 1066 година бил дефиниран како еднаков на должината на три суви јачменови зрна поставени крај со крај (дефиниција која била во употреба неколку века).

    Во 12-от век шкотскиот инч бил дефиниран како еднаков на ширината на палецот на просечен човек во основата на ноктот. Слични мерни единици постоеле во многу области од она што е денес модерна Европа, со зборот инч на Португалски, Француски, Италијански, Шпански и бројни други јазици кој е ист или многу сличен на зборот палец.

    Англискиот збор за инч е изведен од латинскиот uncia, кој значи една дванаестина од делот (еден инч е традиционално 1/12 од  стапка).

    Дури и во дванаесетиот век различни дефиниции за инчот биле сè уште применувани во светот, иако овие се разликувале со помалку од 0,001%. Во 1930 година британскиот Институт за стандарди го усвои инчот со точно 25,4мм, заедно со американската Асоцијација за стандарди која го направи истото во 1933 година, и првата држава која правно ја усвои оваа дефиниција беше Канада во 1951 година.

    Во 1959 година Соединетите Американски Држави и земјите на британскиот Комонвелт потпишаа спогодба во која се договорија да ја стандардизираат 25,4мм дефиницијата. 

    Општи референци:

    • Четврт американски долар (25 центи) е малку помала од еден инч во дијаметар.
    • Окото на возрасен човек е приближно еден инч во дијаметар

    Контекст на употреба:

    Во 1995 година во Обединетото Кралство инчот (заедно со стапката, јардот и милјата) беше официјално прогласен за примарна мерна единица за сообраќајни знаци и слични мерки за растојание и брзина. Во друг контекст метричките мерења се сега примарен систем, иако инчите сè уште често се употребуваат неформално, особено од луѓе кои биле родени и образовани во пред децимална Британија.

    Во Соединетите Американски Држави геодетите го употребуваат американскиот Survey инч, дефиниран како 1/39,37 на метар, изведен од Mendenhall Order во 1893 година кој израмнувал 1 стапка со 1200/3937 метри.

    Составни единици:

    • Инчот е традиционално најмалата цела единица на мерка должина во империјалниот систем, со мерки помали од еден инч се наведува користење на фракции 1/2, 1/4, 1/8, 1/16, 1/32 и 1/64 од еден инч.
    • Во Обединетото Кралство во раниот 19-ти век прецизните инженери почнаа да употребуваат една илјадинка од еден инч откако стана можна поголема точност во мерењето, а множителите на оваа нова фракција подоцна станале познати како тоу или мил.

    Множители: