Килограми
Единица од:
- Маса
- Тежина (во не-научни работи)
Употреба во целиот свет:
- Глобален
Опис:
Килограмот е основна единица за маса во Меѓународниот (СИ) систем на единици, и се прифаќа во секојдневието како единица за тежина (гравитациската сила дејствува на даден објект).
Килограмот е скоро точно еднаков на масата од еден литар вода.
Дефиницја:
кг е дефиниран како да е еднаков на масата на Меѓународниот прототип за килограмот (IPK), блок од легури на платина и иридум произведен во 1889 година и складиран во Меѓународното биро за тежини и мерки во Севр, Франција
Тоа е единствената СИ единица која е дефинирана од физички предмет, а не од фундаментално физичко својство кое може да се репродуцира во лабораториите.
Потекло:
Кратко време грејв (grave) (исто и метален референтен стандард) бил употребуван за да дефинира една илјада грамови, сè додека не бил заменет со килограмот во 1799 година.
Во 1795 година системите за метрички мерења била воведени во Франција и грамот бил дефиниран како „апсолутна тежина на волумен на чиста вода еднаков со куб од една стотинка од метар, и при температура на топење на мразот“.
Килограмот (изведен од грчкиот збор chilioi [илјада] и gramma [мала тежина] бил сметан како попрактична мерка за маса кога се во прашање поголеми количини во трговијата, и почнал да се употребува како основна единица за маса во сите метрички мерни системи.
Меѓународниот (СИ) систем на единици објавен во 1960 година го употребуваше килограмот како основна единица за маса, а го усвоија скоро сите земји на светот (со неколку значајни исклучоци, како што се Соединетите Американски Држави).
Општи референци:
- Еден килограм е приближна тежина на еден литаршише безалкохолен пијалок.
- Шеќерот вообичаено се продава во пакувања од 1кг.
- Типична кошаркарска топка тежи приближно 1кг.
Контекст на употреба:
Килограмот се употребува глобално на дневна база како единица мерка за маса и тежина.
Тоа е исто така основната единица за маса за сите МКС мерни системи, каде што метарот, килограмот и секундата се употребуваат во заемен однос со цел да се дефинираат други концепти, како што е њутн за сила и паскал како мерка за притисок.
Составни единици:
- 1кг = 1000гр. (грами)
Множители:
- 1000kg = 1 метрички тон (САД: метрички тон)