Фаренхајт конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Фаренхајт

  • Единица од:

    • Температура

    Употреба во целиот свет:

    • Фаренхајтовата скала беше заменета од  Целзиусовата скала во повеќето држави за време на средината и крајот на 20-от век, иако Фаренхајтовата остана како официјална скала во Соединетите Американски Држави, Кајманските острови и Белизе.
    • Канада ја задржува Фаренхајтовата како дополнителна скала која може да се употребува заедно со Целзиусовата, а во Обединетото Кралство Фаренхајтовата скала и понатаму се употребува неформално, особено во смисла на изразување на топло време (иако постуденото време главно се искажува во Целзиусовата скала).

    Дефиницја:

    Фаренхајтот е термодинамичка температурна скала, каде што точката на замрзнување на водата е 32 степени Фаренхајт (°F), а точката на вриење е 212°F (при стандарден атмосферски притисок). Ова ги поставува и точката на замрзнување и на вриење точно на 180 степени разлика. Затоа, степен на фаренхајтовата скала е 1/180 од интервалот меѓу точката на замрзнување и точката на вриење на водата. Апсолутната нула е дефинирана со -459,67°F.

    Температурната разлика од 1°F е еднаква на температурната разлика од  0,556°C.

    Потекло:

    Предложена од 1724 година од, и именувана по, германскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686- 1736 година). Фаренхајт бил предводник во производството на термометри со жива, и ја воспоставил 0°F како стабилна температура кога еднакви количини мраз, вода и сол се измешани. Тој потоа ја дефинирал 96°F како температура „кога термометарот се држи во устата или под пазувата од жив човек во добро здравје“.

    Потоа, температурата на замрзнување на водата била редефинирана да биде точно 32°F, а нормалната температура на телото да биде 98,6°F.

    Општи референци:

    • Апсолутна нула, -459,67°F
    • Точката на замрзнување на водата, е 32°F
    • Топол летен ден во умерена клима, 72°F
    • Нормална човечка телесна температура, 98,6°F
    • Точка на вриење на водата при 1 атмосфера, е 212°F